Поради подобрувањето на епидемиолошката состојба во Словенија, Владата одлучи мерката за носење маски во затворено повеќе да не биде задолжителна. Словенечката Валда денеска соопшти дека оваа мерка се уште се препорачува кога нема да биде можно одржувањето дистанца.
Носењето маски останува задолжително во здравствените установи, домовите за стари лица и другите социјални установи.
– Маските во пандемијата беа една од клучните мерки за спречување на ширењето на вирусот, а доколку немаше таква обврска, епидемиолошката слика ќе беше многу полоша во изминатите епидемиски бранови, изјави за медиумите инфектологот Бојана Беовиќ.
Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 1.535 новозаразени со коронавирус, односно 577 заразени помалку од претходната недела, а бројот на хоспитализирани продолжува да опаѓа.