Кога синусниот канал е забетониран и не можете да дишете, оваа смеса за инхалирање ќе го пробие за 2-3 дена.

Понекогаш синусите толку можат да се воспалат и затнат, што дишењето е оневозможено, особено навечер при спиење. Се будите ненаспани и оваа состојба преминува во хронична, бидејќи веќе ниеден спреј не ви помага или веќе сте станале зависни од нив.

Слузокожата во носните ноздрви е многу нежна со површински капилари, па лесно може да дојде до нивно пукање.

Особено силното дување не се препорачува кога постои опасност од инфекција, кога лесно може да премине и на увото.

Затоа, следете ги упатставата за приготвување на оваа смеса за инхалирање и за само неколку денови ослободете се од тегобите и главоболките и почнете да дишете нормално.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 литар вода
2-3 компири
1 бела репка (онаа со розеникава нијанса, а може и црна)
1 шака камилица
1 шака корен од бел слез

ПОСТАПКА:

Зеленчукот убаво измијте го и исечете го на парчиња без лупење. Ставете го вода заедно со камилицата и слезот, најдобро е да бидат домашни, но ако немате, може и купечки.

Ставете на оган сето заедно да зоврие колку малку да омекне, па инхалирајте се со оваа пареа колку можете. После инхалација не смеете да излегувате надвор ниту да седете на провев со отворен прозор.

Истата оваа смеса и течност сочувајте ја, со неа можете да се инхалирате и следните неколку денови, само претходно загрејте ја.

Ќе почувствувате како секретот од синусите омекнува и за 2-3 дена ќе ви протече низ нос. Во овој период многу е важно да правите гаргарење со солена вода додека да се исчистите целосно.