Истржувачите тврдат дека ова е прва студија која ја истражува врската помеѓу храната и менталното здравје. Доктор Ерик Брунер, еден од истражувачите од Лондон објаснува: “Стилот на животот многу влијае на психата, но и начинот на исхрана игра важна улога“. Студијата е направена врз 3486 мажи и жени на 55-годишна возраст.
Истражувачите заклучија дека оние кои внесувале масна и висококалорична храна имаат 58% поголеми шанси да патат од депресија.
Тие понудија неколку причини зошто здравата храна има благотворни дејствија на менталното здравје.
Високото ниво на антиоксиданти во овошјето и зеленчукот штитат од депресија, како и фолната киселина која може да се најде во зелката и брокулата.
Исто така се препорачува конзумирање на риба бидејќи содржи незаситени масни киселини, кои помагаат при одржување на доброто расположение.
Затоа, јадете хранете се правилно и внесувајте што повеќе здрава исхрана. Одбегнувајте ја брзата храна и на тој начин покажете грижа за своето здравје и чувствувајте се одлично!
Не заборавајте и да спортувате и чувајте се од настинки посебно во овој период од годината.