Прекумерното потење, кое уште се нарекува и хиперхидроза, е лачење на поголеми количини пот, отколку што му е потребно на телото. Најчесто потта се појавува на дланките на рацете, на стапалата и под пазувите.
Употребата на ботокс не само за зголемување на усните и пополнување на лицето, ова лето хит кај македонските граѓани е ставање на ботокс под пазувите.
-Имам проблем со потењето, честопати ми е непријатно, не можев да најдам никакво решени случајно дознав дека во една скопска ординација прават ботокс на пазувите. По неколку недели ботоксот се покажа како успешен, се намали потењето и мирисот, раскажува една девојка од Скопје.
Во приватни дерматолошко-естетски и козметички ординации во Скопје за оваа постапка треба да искеширате и до 500 евра.
-Јас ја имам направено оваа постапка два пати до сега. Првиот пат малку болеше, но резултатот беше одличен. Ефектот трае околу осум месеци. Откако помина, решив да направам уште еден третман. Девојче од Аеродром, Скопје.
-Инекцијата се вметнува под кожа во плитка длабочина, пациентот при оваа постапка може да почуствува пецкање во пазувите. Ова е нормална реакција, ефектот поминува брзо. Време на постапката трае околу еден час. Веднаш по завршувањето на постапката, ако е потребно, по препорака на лекарот може да користите лекови за болка или местото да го оладите со облоги или мраз, велат од една приватна дерматолошко-козметичка установа.