Несоницата знае да биде напорна. Речиси и да нема човек во светот кој немал проблем со тешко заспивање и несоница, и бил во ситуации кога ништо не можело да помогне.

Недостатокот на сон може да предизвика ужасни последици по нашето здравје. Но, дали сте се обиделе проблемот да го решите со помош на физичка активност?

Трчање

Кога сте под стрес или се чувствувате како преплавени со негативна енергија, лесното трчање може да ви помогне да се релаксирате. Најчесто, доволни се само 20 минути, за да се изморите, а да не се исцрпите целосно и полесно да заспиете.

Прошетка

Ако не ви се трча, тогаш размислете за вечерна прошетка. Секако, ефектот е послаб отколку од трчањето, па затоа може прошетката да трае и 30-40 минути.

Јога

Можете да пронајдете видео-упатства за почетничка јога или да се запишете на курс за да бидете сигурни дека правилно ги изведувате вежбите.

Подигнување тегови

Прилагодете ја тежината на своите способности и започнете секојдневно да вежбате, онолку колку што можете, без да се напрегнувате.