Доколку вашиот омилен производител на час користи пластични вреќички за филтер чај , тогаш веројатно внесувате големо количество микропалстика, утврдиле научниците.
Според најновите истражувања , секоја пластична кесичка на филтер чај , што се вари на температура од 95 степени Целзиусови , во чашата испушта околу 11,6 милијарди честички микропластика и 3,1 милијарда честички нанопластика, пишува Science Alert.
Се проценува дека годишно консумираме над 74.000 честички микропластика, а според ова истражување, има речиси 200 000 пати повеќе честички од ваков вид во една пластична филтер кесичка чај. Затоа , научниците препорачуваат за сите љубители на чај од кесичка , да користат хартиени филтер кесички.
Микропластика има насекаде.
Во продавниците, многу производи се завиткани во пластика што често завршуваат во самата храна. Покрај тоа, постои неверојатна количина микропластика во нашето опкружување. Иако човештвото неодамна се повеќе се обидува да ја намали употребата на пластика за еднократна употреба, штетата е веќе направена. Имено, сите пластични чаши, шишиња и сламки кои имаа шанса да се распаднат и не биле соодветно рециклирани, сè уште се во нашето опкружување во форма на микропластика.