Сокот од бреза е одличен против разни воспаленија во организмот, рани, првут, за дигестија и кожа, а доколку го собирате на овој начин

Старите словени брезата за сметале за свето дрво. Тие верувале дека поседува способности да ги истерува лошите духови, па поради тоа колевките за своите деца ги правеле од брезино дрво.

Брезовиот сок е богат со шеќери, па со негово готвење се добива вино. Сокот и виното се одличен лек за атеросклероза како и за лекување дебелина.

Сокот треба да го пијат лица со кожни проблеми и инфекции на уринарниот тракт.
Се пие трипати дневно по 100 мл. Децата треба да земаат половина од дозата.

Сокот од бреза се собира од возрасни дрва, рано напролет пред да се развијат пупките на изданоците. Се буши мало дупче со пречник околу 1 см, и исто толкава длабочина, на висина од 1 метар над земјата. Се поставува дрвена инка или некоја цевка (да не е метал), и се прицврстува стаклено шише или друг соодветен сад(емајлиран, дрвен) за собирање на течноста.

Од едно стебло се собира околу 4-5 литри дневно.

Сокот треба да се чува во фрижидер, но не смее да се замрзнува! Кога ќе се заврши со собирањето на сокот, дупчето треба да се затвори со дрвен клин, а надворешно да се покрие со кал или глина.

Истото дрво не смее да се буши многу често, затоа што ќе се намали неговата отпорност на габични инфекции.

Свежиот сок од бреза претставува природен регулатор при бубрежни заболувања, алергија, костоболки, ревматизам, за закрепнување од болести и за подмладување.

Свежиот сок, веднаш штом се извади од дрвото, ја чисти и јакне крвта бидејќи содржи гроздов шеќер. Не смее да се пие сок кој врие. Ваквиот сок се користи за надворешна употреба, на пример за гнојни воспаленија, рани, како и за сончеви пеги на кожата.

ПРВУТ И ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА

Сокот од бреза може да се користи и како вода за косата, бидејќи го јакне коренот и поттикнува побрз раст на косата. Спречува создавање на првут и опаѓање на косата.

ЖЕЛУДНИК

Против грчеви во желудникот и цревата треба да се измешаат 2-3 големи лажици свеж брезов сок со 1/8 добро бело вино. Се пие во голтки, добро загреано, но не варено.

И останатите делови од брезата се корисни:

Дигестија

Половина чајна лажичка прав од брезов јаглен натопен во малку домашна ракија помага при силен пролив.

ЧИРЕВИ И РАНИ

На раните кои тешко зараснуваат, а апцеси и чиреви, помага свеж брезов лист, згмечен и фиксиран со завој. Облогата е потребно да се менува на секои 2-3 часа.

ПРОЛЕТНО ЧИСТЕЊЕ

Народната медицина препорачува пролетно чистење за јакнење на организмот: Се мешаат еднакви делови од лист од бреза, црна рибизла, малина и шумски јагоди, две чајни лажички од оваа мешавина се прелива со 250 мл врела вода, па се пие во голтки, 2-3 шолји дневно, засладено со мед.

КОЖНИ БОЛЕСТИ

Со сува дестилација на брезова кора се добива брезов катран кој се употребува надворешно за лекување на кожни болести.