Железото е минерал неопходен за нашето здравје, па неговиот недостиг доведува до здравствени проблеми предизвикано од анемија.

Симптомите се млитавост, несвестица, забрзано срцебиење, инфекции, раздразливост, бледа кожа, ладни дланки и умор.

Недостигот од железо е најчестиот дефицит во исхраната и се смета дека околу 20% од жените страдаат од тоа.

Производи богати со железо

Најдоброто решение е секојдневно да консумираме производи и напивки богати со железо. Риба, месо, јајца, џигер и други внатрешни органи, школки и морски плодови, коприва, спанаќ, зелена салата, цвекло и морков се производите што се препорачуваат.

Напивки што во себе содржат железо
  • Со оглед на тоа што спанаќот е одличен извор на железо, направете зелено смуди. Оваа напивка ќе ве наполни со неопходниот минерал.
  • Одлично решение е напивката од цвекло кое ќе го измешате со овошје.
  • Организмот многу добро го апсорбира железото во комбинација со витамин Ц. Портокалите, јаболката, лимонот или морковот ја обезбедуваат потребната доза на корисни материи.
  • Сокот од сливи исто така е одличен извор на железо, како и сокот од јагода и лубеница.
  • Исто така, сокот од домати, сокот од моркови и сокот од целер, ќе ви ја даде потребната доза железо.
  • Колку и да ви звучи чудно, сокот од зелена салата ќе ви обезбеди доволна количина железо, а покрај тоа, корисен е и за добар метаболизам.
  • Сокот од калинка е вистински мелем за организмот.