Сончево со мала до умерена облачност – вакво време најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Претпладне ќе има услови за повремен локален дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 12 до 21 Целзиусов степен, а максималните ќе се искачат од 28 до 34 степени. УВ-индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат во интервал од минимални 20 до максимални 34 степени.