Министерството за здравство по распишаниот тендер за набавка на болнички кревети за потребите на здравствените установи во земјата склучи договор со друштво за трговија и услуги „СОНИКС“ ДООЕЛ увоз-ивоз Скопје.
Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 24.407.308 денари или околу 396.000 евра.
Предмет на набавка е 1.368 болнички кревети по потекло од Кина.