Сопругата на претседателот на државата, Елизабета Георгиевска и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски денеска ја посетија Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември” во Скопје, што ја одбележува „Неделата на грижа на стари лица”, соопштија од таа јавна здравствена установа.
Тие се запознаа со вработените во установата, поминаа неколку мигови со пациентите и преку симболични подароци им порачаа дека не се заборавени и дека грижата и сочувството за старите лица е обврска на сите нас.
Од болницата посочија дека особено значајни биле вредните донации кои ги добиле денеска во чест на „Неделата на грижа за стари лица” од голем број хумани и општествено одговорни компании меѓу кои и Алкалоид АД, Lohmann&Rauscher, фурна „Диме”, како и од самата Општина Ѓорче Петров.
Вработените во установата изразуваат надеж дека ваквите хумани настани ќе продолжат и во иднина како одлична можност да им оддадеме признание на старите лица за нивниот придонес во општеството.