Промената на годишните времиња и доаѓањето на зимата секогаш се голем тест за имунитетот. Сепак на разполагање ни се неколку едноставни начини со кои можеме да се погрижиме за посилен имунолошки систем и зима без многу настинки и високи температури.
- Намалете го стресот
Малата доза на стрес може да биде добра за Вашиот организам. Тоа е начинот на кој Вашето тело се подготвува за предизвик, на пример презентација на проект пред колегите. Но континуираниот стрес е штетен и е лош за Вашето здравје. Истражувањата покажале дека може да му наштети на Вашето здравје – да го ослабне имуниот систем кој е задолжен за борба со болестите и вирусите. Намалете го стресот со избегнување на стресни ситуации и дајте си време на себе за релаксација.
- Имајте редовно секс
Не само што сексот прави да се чувствувате убаво, туку му делува добро и на Вашето здравје. Докажано е дека активниот сексуален живот може и да го подобри здравјето. Едно истражување ја испитуваше врската помеѓу сексуалната активност и здравјето на средовечните и постарите луѓе. Се докажа дека луѓето кои често имаат секс имаат подобро здравје од другите.
- Земете си милениче
Има причина поради која кучињата ги нарекуваат најверниот другар на човекот. Кучињата и другите видови на миленичиња можат да ни понудат друштво, активност и подобро здравје. Грижата за миленичето се докажала како позитивна во намалувањето на притисокот, намалувањето на нивото на холестерол во крвта и подобрување на работата на срцето. Едно истражување дури докажа дека чувањето куче го подобрува имуниот систем и може да помогне во намалување на ризикот од алергии кај малите деца.
- Одржувајте позитивен став
Позитивните мисли влијаат позитивно на човековото здравје. Едно истражување спроведено на студенти по правни науки покажа дека кога се чувствувале оптимистички, нивниот имун систем бил посилен. За да надвладее оптимизмот со вас, одделете време и присетете се на нештата што ви придонеле радост, гледајте на позитивните работи од тешките ситуации и пробувајте да не се навраќате на негативните мисли.
- Смејте се
Доброто смеење секогаш нуди позитивен ефект. Група од истражувачи спроведоа испитување на тема смеење и имунитетот и открија дека групата на луѓе по гледањето на смешни видеа покажале знаци на подобар имунитет. Секако, повеќе истражувања се потребни за да се докаже дали смеењето влијае исто така позитивно и во борбата со разните болести.
- Внесувајте антиоксиданси
Исхраната со овошје и зеленчук во големи количини може да ви помогне да внесете голема количина на антиоксиданси. Овие супстанци кои се наоѓаат во храната ги заштитуваат вашите клетки од слободните радикали, молекули кои можат да ги оштетат клетките. За да консумирате антиоксиданси од поголем ранг, внесувајте овошје и зеленчук со различни бои, како портокали, пиперки, брокули, киви, јагоди, моркови, лубеници, мешунки, папаја, кајсии и др.
- Внесувајте витамини
Ако чувствувате дека и недостигаат на Вашата исхрана, земајте ги дополнително преку суплементи. Дневна доза на мултивитамини ќе ви помогне да се осигурате дека сте ги внеле сите витамини кои му требаат на вашето тело за да оформи здрав имун систем.
- Избегнувајте процесирана храна
Процесираната храна како што е брзата храна, разните грицки и благи работи не му вршат услуга на организамот како што го прават тоа витамините и другите додатоци. Напротив, тие често содржат хемикалии и адитиви кои најверојатно не се добри за Вашето тело.
- Бидете активни
Еден прост начин да го подобрите вашиот имунитет е активниот живот. Редовното вежбање и држење на телото во активна состојба го намалува стресот и го намалува ризикот од остеопороза, болести на срцето и одредени видови на рак. Најголемите придобивки се добиваат кога се вежба на средно ниво, неколку пати неделно. Секој вид на активно движење е добредојден, вклучувајќи возење на велосипед, пливање, пешачење или јога.
- Спијте правилно
Без правилен сон Вашиот имун систем можеби нема да ги има сите ресурси во борбата со болестите. На поголемиот број на возрасни доволни им се 7 до 9 часа сон секоја вечер. Можете да си помогнете себеси ако се придржувате кон секојдневен распоред – вежбање, одбегнување на кофеин и алкохол пред спиење, релаксација и одржување на одредена температура во собата.