Бројот на новозаразени ученици со ковид -19, дневно, согласно податоците од училиштата, се движи од 0,01 до 0,03 проценти од вкупниот број на ученици, велат од Министерството за образование и наука (МОН). Во моментов пак, според МОН, има околу 0,3 проценти заразени ученици, или, активни случаи, како што се евидентираат.
Според информациите кои се пренесуваат по македонските електронски медиуми, ако се земе предвид дека бројот на ученици во основните и средните училишта е 259.235 ученици, излегува дека има околу 778 активни случаи на деца и млади, кои посетувале настава со физичко присуство.
Од градинките пак, според МТСП, има заразени 39 деца и 47 вработени. Тие нагласуваат дека ова е моментална состојба. Најмногу заразени се од скопските општини.