Древниот грчки метод на лекување депресија и анксиозност се заснова на питагорејскиот начин на живо.
Овој животен стил вклучува развивање здрави навики, правилна исхрана, редовни вежби и развој на сопствениот ум.
Старите Грци верувале дека неопходно е секој ден да се грижите за своето тело и ум. Денес депресијата и анксиозноста станаа еден од најсериозните здравствени проблеми на човештвото.
Еве како Грците лекувале депресија…
Диета
Воведете во исхраната производи богати со омега-3 масни киселини: ореви, маслиново масло, лосос, чиа-семки, ленено семе. Неодамнешни истражувања потврдиле дека овие масни киселини дејствуваат и како неврозаштитни супстанции.
Редовно вежбање
Древните Грци го вежбале умот, но и телото. Не го раздвојувале едното од другото. Тие практикувале вежби во природа, но и активен начин на живот.
Сончева светлина
Ова е еден од главните лекови од античката грчка медицина против депресија. Ако добро размислите, ќе сфатите дека ретко излегуваме на сонце. Седиме на нашите работни места под вештачко осветлување и опкружени сме со електронски уреди. Ваквото осветлување негативно влијае врз сонот, а со самото тоа и врз здравјето. Доколку не сте во можност да излегувате на сонце, земајте витамин Д во форма на капки.
Почесто правете го она што ве ослободува од негативните емоции
Старите Грци сфатиле дека задоволството предизвикува опуштање. Поминувајте повеќе време правејќи го она што ви помага да заборавите на грижите. Дозволете си себеси да бидете слободни, среќни и креативни.
Дијалектика
Тоа е вештина за проучување, усвојување, расправање и „претресување“ најразлични идеи, како и наоѓање смисла во животот. Многу е важно да се дружите со луѓе што ви годат психички. Да разговарате со оние што немаат исто мислење како вашето, за да се активирате психички. Луѓето од различни социјални кругови можат да ви постават нови предизвици и така да ве оттргнат од секојдневието.