Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски беше во хуманитарна посета на Клиниката за детски болести во Скопје, каде што изврши донација на инвертер клима уреди.
Стефковски велид ека хуманоста го прави среќен и духовно побогат човек.
-Направив хуманитарна посета на Клиниката за детски болести во Скопје каде што дониравме високо квалитетни инвертер клима уреди кои содржат можност за управување од далечина и се со сериозна економска штедливост. Оваа донација ја реализираме по завршената постапка од средствата собрани од манифестацијата Пивтијада, која традиционално се оддржува во општина Гази Баба. Клиниката за детски болести е местото во кое докторите се борат со предизвиците кои ги имаат стотици дечиња и обврска на сите чинители во општеството е да создаваме подобри и поквалитетни услови за лекување на нашите најмили, истакнува градоначалникот.
Тој вели дека хуманоста е широк поим кои значи да се помага секогаш и секаде кога и да е потребно. Маката не познавата различност, ниту етничка, верска или било каква друга.
Мојата помош и поддршка ќе ја имаат- сите оние на кои таа ќе им биде потребна. Така е од првиот и така ќе биде до последниот ден од мојот мандат! – напиша Стефковски.