Почитувани,
Венко Филипче повторно е фатен во сомнителна набавка и со сомнежи за милионски криминал. Неделникот „Фокус “објави сторија за планираната набавка на респиратори, по скратени процедури и сомнителни постапки. Филипче на мала врата сакал да протурка набавка од над пола милион евра.
На 11-ти април оваа година, Министерството за здравство по одлука на владата, а врз основа на уредба, отпочна јавен повик по скратена постапка во времетраење од 72 часа за набавка на респиратори. За огласот согласно уредбата не требало да одлучува Бирото за јавни набавки, туку трочлена комисија составен од административци од министерството на чело со Венко Филипче.
Три дена подоцна на 14-ти април само две од девет фирми ги исполниле условите според министерството за здравство и тие требале да набават 31 респиратор, 26 од Јужна Кореја и 5 од Германија. Притоа на сомнителен начин се избрани 2 од 9-тепријавени фирми. По објаснување на Филипче другите 7 се декласирани, затоа што се изјасниле дека не можат да ги набават респираторите во предвидениот рок од 30 дена.
Според одлуката двете компании се обврзуваат да извршат набавка. „Соникс“ се обврзала да набави еден респиратор за 24.839 евра и шест за 149.034 евра, додека останатите 20 требало да ги набави за 496.780 евра. Втората фирма „Винора“ требало апаратите за дишење да ги набави за 30 дена, од кој еден апарат чини 25.000 евра. По ова Филипче неколку пати на пресови се фалеше со набавката, за на крај преку соопштение да ја извести јавноста дека набавка нема да има.
Откако објави Филипче, во јавноста почнаа да кружат сомнежи дека се работи за однапред договорена работа со провизија за Венко Филипче. Фатен во тесно, откако виде дека е фатен во нов скандал, како со 37 милионската набавка за реагенси, Филипче ја раскина набавката.
Доколку не се работи за однапред договорено сценарио, зошто Венко Филипче и Министерството за здравство не повеле постапка за санкционирање на двете компании, кои првo потпишале договори дека ќе ја извршат набавката, па се откажале?
Очигледно е дека станува збор за договорена работа, а случајот да се заташка. Очекуваме одговори веднаш. Венко Филипче да каже дали компаниите биле санкционирани, доколку не се, дали е затоа што претходно така се договориле со него? Ги повикуваме институциите да го испитаат целиот случај, од почетокот при декласирање на 7- те компании, до крај.