Стојаноска: Никогаш нема да не’ биде, се’ дури власта е во рацете на една ваква гарнитура однародени, без’рбетни, алчни, безмилосни, самобендисани и криминогени луѓе

Не’ навредивте како нација. Дури еден од вас не’ нарече и искомплексирани. .. Се прашував и тогаш, а и сега: од која нација вие потекнувате? Кому припаѓате? Знаете ли? Или…

Не’ навредивте како нација. Дури еден од вас не’ нарече и искомплексирани. ..

Се прашував и тогаш, а и сега: од која нација вие потекнувате? Кому припаѓате? Знаете ли?

Или знаевте само да ветувате дека ќе не’ биде?

Никогаш нема да не’ биде, се’ дури власта е во рацете на една ваква гарнитура однародени, без’рбетни, алчни, безмилосни, самобендисани и криминогени луѓе, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска.

И пандемијата ја злоупотребивте за да ја доопљачкате државава, повторно да ги кршите Уставот и законите, а народот да го запоставите, понижите и дури и во ова тешко време да тргувате и манипулирате со неговите национални чувства. Впрочем, како и секогаш.
Во услови на пандемија и на непреземање соодветни и навремени мерки за заштита на населението, а пред и над се’ на здравствените работници, вие уште и се дрзнувате да местите брзи избори во јуни. Да бевме понаивни или помалку “изгорени” од вас, па и да ви поверувавме?!? Зарем не ви е срам да ги форсирате изборите, само и единствено заради тоа што многу лесно ќе може истите да ги фалсификувате? Имено, во се’уште ризичниот период од корона зараза, многу веројатно е да нема набљудувачка мисија, што за вас ќе значи зелено светло за “демократски и фер” избори. А тоа што, доколу ова ви успее, ќе значи нова корона криза, не ви е битно воопшто. Битно ви е да останете на власт и да не’ доразнебитите.

Едно мора да знаете: вашиот крај започна уште со почетокот на вашето владеење, поточно дивеење. Како што почнавте, така и завршувате. Така и ви доликува.

И сега, кога сите маски паднаа, кога се видоа сите ваши лица и наличја, не глумете повеќе. Нема потреба. Вашата театарска претстава завршува. Иако глумите или силувате некаков си бис, неуспешно е. Вие можеби сте се’уште на бината, но публиката не ви аплаудира. Напротив. Скриена позади маските кои и’ наложивте да ги користи, но и самата да си ги набави, публиката разочарано ја следи вашата последна претстава. Преку глава и’ е од вашите глуми и пародии!


Related Articles