По повод Светски ден за борба против хепатитисот, Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ потсетува на важноста за превенција, односно превентивни прегледи.

-Апелираме за подигнување на свесноста за превенција и борба против хепатитис и црнодробен карцином. Ги повикуваме граѓаните да се вклучат во бесплатниот скрининг и направат превентивен преглед, а за таа цел лекари од Клиниката за гастроентерохепатологија почнувајќи од денес ќе вршат превентивни прегледи во неколку градови во државата, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Вирусен хепатитис е воспаление на црниот дроб што доведува до негово оштетување. Најчесто е предизвикан од пет главни вируси – А, Б, Ц, Д и Е.