Околу осум милиони луѓе секоја година во светот умираат од рак. Се проценува дека бројот на случаи со рак и смртните случаи од таа болест двојно ќе се зголеми во следните 20 до 40 години, информираат од Здружението „Борка – за секој нов ден“ кое денеска ќе го одбележи Светскиот ден за борба против ракот.
На одбележувањето ќе присуствуваат министерот за здравство Венко Филипче, директорките на клиниките за радиотерапија и онокологија, хематологија и за детски болести, Нино Васев, Ирина Ставридис и Наташа Најдановска-Алулоска, волонтери на Здружението „Борка“ и пациенти.
Светскиот ден на борбата против ракот се одбележува на 4 февруари, на иницијатива на Унијата за меѓународна контрола на ракот (UICC), која има за цел да се помогне да се спасат милиони и да се спречат смртни случаи секоја година со зголемување на свеста и едукација за ракот и придобивање на влади и поединци од целиот свет да преземат акција против болеста.