Делта сојот на коронавирусот е позаразен и ќе биде доминантен во многу земји во наредните месеци, објави светската здравствена организација. Оттаму посочија дека новата варијанта одговара за повеќе од три четвртини од новите случаи на заразени, а предвидуваат и дека бројот на заболени од коронавирус ќе надмине 200 милиони во следните недели.
Делта варијантата за прв пат се појави во Индија, а сега е присутна во 124 земји и територии. Алфа сојот, пак од Велика Британија е присутен во 180 земји, бета сојот од Јужна Африка во 130 и гама сојот од Бразил е присутен во 78 земји.
СЗО предвидува дека Делта брзо ќе ги надмине другите варијанти на коронавирусите и ќе биде доминантна варијанта во наредните месеци.
Причините наведени од СЗО се соеви на вирус што се пренесуваат побрзо, укинување на мерките против епидемијата, поголема социјална интеракција и недоволен број на вакцинирани.