СЗО одржува итен состанок за новиот сој на Ковид-19 откриен во Јужна Африка

Британските медиуми денеска објавија дека СЗО одржува итен состанок за новиот сој на коронавирусот откриен во Африка. Тулио де Оливеира, директор на Центарот за одговор на епидемијата и иновации во…

Британските медиуми денеска објавија дека СЗО одржува итен состанок за новиот сој на коронавирусот откриен во Африка. Тулио де Оливеира, директор на Центарот за одговор на епидемијата и иновации во Јужна Африка, на претставниците на СЗО им ја пренесе својата загриженост во врска со новиот сој на коронавирус Б.1.1.529, за кој се стравува дека е досега најлошата идентификувана варијанта на вирусот.

Експертите на СЗО, наводно, ќе разговараат за тоа дали новиот вид треба да се дефинира како нешто што предизвикува „загрижување“ или како варијанта „од интерес“. За време на вчерашната прес-конференција, Тулио де Оливеира изјави дека новиот сој има многу голем број мутации, што носи ризик од брзо ширење на болеста. Според последните податоци, оваа нова варијанта на коронавирусот во Јужноафриканската Република е дијагностицирана кај вкупно 77 лица.

Некои светски лидери веднаш реагираа на веста за појавата на новиот сој, најавувајќи нови мерки на претпазливост и ограничувања за патување, додека берзите ширум светот забележаа пад предизвикан од неизвесноста. Д-р Марија Ван Керкове, техничкиот лидер на СЗО за Ковид-19, на вчерашната прес-конференција кажа дека се уште не се знае многу за оваа варијанта. Таа додаде дека истражувачите ќе се состанат за да „сфатат каде се наоѓаат овие мутации и што тие потенцијално би можеле да значат“ во однос на тоа дали се попреносливи или дали имаат потенцијал да го избегнат имунитетот.


Related Articles