Министерот за здравство д-р Арбен Таравари, заедно со премиерот Христијан Мицкоски ја посетија Клиничката болница Штип, каде посочија дека изградбата на новиот објект е приоритет на Владата, подготвен е тендерот и наесен се очекува да почнат градежните активности за оваа болница.
– Има иницијатива да се објави повторно тендер за фирма која ќе работи на штипската клиничка болница, само треба да се усогласиме да добиеме дозвола од Министерството за финансии. Ако добиеме дозвола, јас се надевам дека многу брзо процедурата да се објави и да започнат повторно постапките, изјави Таравари.