Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска информираше дека во делот на семејното насилство, минатата година најмногу било застапено психолошкото насилство.
-Од јануари до септември 2023 година имавме вкупно 1166 случаи на семејно насилство. Сега ги прибираме за цела година, од септември до декември. Наскоро ќе ги објавиме податоците за цела 2023 година, кажа Тренчевска.
Најголем дел од ова семејно насилство било во форма на писхолошко насилство каде се пријавени 708 случаи. Тренчевска кажа дека овој вид на насилство многу тешко се докажува бидејќи нема видливи траги, освен опаѓање на менталното и на психичкото здравје на граѓаните, а најголем дел од жртвите биле жени.
-Во делот на психолошкото насилство имаме постојано пребацување или префрлување на партнерката, на деца или на родители, и се тоа остава длабока трага на психата на една личност и многу е тешко за препознавање, рече Тренчевска
Жртви на насилство се деца и повозрасни граѓани, но најголем процент и понатаму се токму жените, рече Тренчевска.