Во денешната изјава за медиуми, министерот за здравство Венко Филипче посочи дека препораката од Комитетот за имунизација е да освен повозрасните категории на граѓани над 60 години, трета доза на вакцина да добијат и било кои други граѓани без разлика на возраста и без разлика на тоа дали имаат или немаат други хронични болести, а се во значаен ризик заради зголемените контакти поради видот на работата и работното место и се со зголемен ризик да заболат од вирусот Ковид 19. Ова се препораки кои ги следат препораките на други европски земји и САД, додаде тој.
Заклучно со 2 октомври, во државата вкупно се вакцинирани 789.802, а ревакцинирани 734.023 граѓани. Трета доза вакцина досега примиле 329 лица. Над 47% од полнолетната популација во државата примила една доза вакцина, а 44% се ревакцинирани. Вакцинацијата од денска во Скопје се одвива во 7-те поликлиники, а во две смени работат поликлините во Букурешт, Јане Сандански и Чаир.
Граѓаните секаде без закажан термин, каде било, може да примат вакцина, ревакцина или трета доза. Во моментов министертсвото за здравство располага со 260.000 дози вакцини од производителот Фајзер, 45.000 дози од вакцината Синовак и 100.000 дози од вакцината Астра Зенека.