Министерството за труд и социјална политика распиша огласи за консултантски услуги за изработка на правилници. Ова по правило е работа на секторите и службите во министерствата, во конкретниот случај на министерството за труд и социјална политика.
Во случајов се поставува прашањето дали министерката Мила Царовска сега сака со државни пари да си ги финансира своите невладини организации преку кои таа и дојде на местото министер за труд и социјала.
Станува збор за следните огласи:
– Оглас за консултантска услуга за изработка на Правилник за условите и стандардите за прифаќање на барателите на право на азил и нивно згрижување во простор определен од МТСП и Правилник за начинот и постапката на згрижување и сместување на малолетните лица без придружба и ранливи категории на лица
– Оглас за консултантска услуга за изработка на Програма за социо-културна ориентација и медијација
– Оглас за ангажирање на лице за спроведување на проекти активности–Специјалист за нега на деца.
Истите можат да се видат на веб страната на министерството или на следниот линк https://www.facebook.com/MTSPmk/posts/2190537887639609
Дополнително, кога станува збор за правилник за условите и стандардите за прифаќање на баратели на азил, се поставува прашањето дали ова е знак за интензивирање на темата за интеграција на мигранти.