Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска на прес-конференција истакна дека Владата ги зголемила платите на 19.000 работници. Спред неа, измените во законот за работни односи влеваат дополнителна сигурност за работниците за задржување на нивното работно место, но и за зголемување на нивниот животен стандард.
„Без социјален дијалог, нема унапредување на работничките права. Со измените во законот ќе се добијат прецизни договори за работен однос, но и заштита за работникот да не остане без неговото работно место“, рече Царовска, која додаде дека доколку работодавачот отпушти вработен, на истото работно место нема да може да вработи друго лице следните две годни.
Министерот за финансии Драган Тевдовски потсети дека владата ја зголемила минималната плата на 12.000 денари, а пак просечната плата во споредба со минатаа година ја подигнала за 4,6 проценти. Тој вели дека платите мора да растат, за да се покачи животниот стандард на граѓаните.