Поради зголемениот број на новозаразени и непочитување на епидемиолошките мерки, во Црна Гора од денеска до 2 август властите ќе воведат привремена забрана за работа на ноќни клубови и дискотеки, објавија црногорските медиуми.
Забранети се забавите и музичките фестивали, како и сите масовни собири во затворени простории.
Во фокусот на Дирекцијата за инспекциски работи ќе биде контролата на собирите на отворено и изведување музика во живо во градините на локалите. Доколку продолжи трендот на прекршување, ќе се разгледа нивното укинување или дополнително ограничување.
Црна Гора бележи пораст на бројот на новоинфицирани. Во четврокот биле регистрирани 65 новозаболени. Вкупниот број на заразени моментално изнесува 421.