Во последните 24 часа се направени 3.569 тестирања, а регистрирани се 36 нови случаи на КОВИД-19: Куманово – 15, Скопје – 7, Тетово – 6, Гостивар – 2, Прилеп, Велес, Штип, Струмица ,Кочани и Кичево – по 1.

Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Тетово – 5, Скопје – 4, Битола – 2 и Свети Николе – 1. Не се регистрирани починати пациенти.

Направени се 3.569 тестови преку: ИЈЗ-78, ЦЈЗ Скопје-41, ЦЈЗ Битола-47, ЦЈЗ Прилеп-42, ЦЈЗ Тетово–23, ЦЈЗ Куманово–40, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 1, ГОБ 8-ми Септември-5, Институт за микробиологија–21, Жан Митрев (Филип Втори)-64, Авицена-286, Биотек-139, Систина-73, лабораторија Лаор-229, Синлаб-23, Ремедика-13, Плодност–22, Генеа–9, Никоб лаб-672, ВФВ Медикал-56, Ели Медика-17, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.666.

Досега во земјата се направени вкупно 944.747 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.017, бројката на оздравени пациенти е 150.263, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 265.