Продолжуваат среќните приказни од нашето одделение за интензивна нега и терапија на новородени деца. Пред неколку дена предвремено родените бебиња – близначињата Марија и Василиј си заминаа дома како здрави бебиња, информираат од скопска Гинекологија.

Родени се во 27 гестациска недела, Василиј со родилна тежина од 900 грама, а Марија со 940 грама.

-По 72 дена престој на ОИН, каде секојдневно ја добиваа медицинската нега и безграничната љубов од педијатрите, медицинските сестри и од целиот персонал на ОИНТ, Василиј го испративме дома со 2000 грама, а Марија со 2250 грама. На малите борци близначиња им посакуваме многу здравје, безгрижно детство и само радости да им носат на своите родители, велат од ГАК.