Под влијание на јужно воздушно струење следува период на топло време со умерен, а повремено ќе дува засилен југоисточен ветер, особено во средината на оваа недела.
Почнувајќи од денес во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Брзината на ветерот од јужен правец ќе се засилува се очекува да достигнува до околу 60 километри на час.
Во текот на оваа недела дневните температури ќе се движат од 18 до 27 степени.
Температурата на воздухот ќе биде над просекот за овој период од годината. Од сабота пак се очекува воздушното струење да биде од северен правец и температурата ќе опаѓа.