Министерството за финансии во четири очи склучила договор во висина од околу 20 илјади евра со компанијата која е во центарот на вниманието откако беше објавена фотографијата за кампањата на Владата за летување во нашата земја под мотото „Дома си е дома“.
Имено Министерството за финансии преку електронскиот систем за јавни набавки склучила договор со фирма за подготовка на совтверско решение- платформа за издавање на ваучери за работници со ниски приходи во висина од околу 20 илјади евра.
Доказ дека власта рационално и правилно ги троши парите е вчерашната фотографија која стана буквално срамен хит на социјалните мрежи.
Преку украдена фотографија од германскиот национален парк „Берчесгаден“ тие ги повикуваат граѓаните да летуваат дома доделувајќи им ваучери за туризам.