Времеро утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Преку ноќта кон вторник, претежно во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд.
Од вторник ќе преовладува претежно облачно со нешто повисоки утрински температури, а дневните температури значително ќе опаднат. Врнежите ќе започнат како послаби во ноќта кон вторник и ќе биде врнежливо со поинтензивни врнежи во западните делови кои во вторник понекаде ќе бидат проследени со повремени грмежи и заилен ветер.