Вакцината на кинескиот производител „Синовак“ од денеска започна да се аплицира на вакциналните пунктови низ Македонија. Од Министертсвото за здравство соопштуваат дека истата ги поминала сите законски процедури и ќе се користи кај сите над 18 години. Вакцината дури се препорачува и за доилки и трудници, велат од министерството.

– Вакцинацијата со „Синовак“ се одвива скоро во цела држава, освен во Скопје и Битола, каде имунизацијата со оваа вакцина ќе започне од утре. Станува збор за класична вакцина каде е инјектиран ослабен вирус односно технологија за добивање вакцини која се користи децении и е многу позната, па оттука и разбирливо е што широката популација ја доживува како една од најбезбедните платформи за производство на вакцини. Во однос на возраста на којашто се дава, вакцината „Синовак“ нема ограничување во Кина и се аплицира и кај деца над 3 годишна возраст. Оваа вакцина кај нас ќе се користи над 18 години и без ограничување на возраста кај возрасните лица, се вели во соопштението на министерството за здравство.