Вакцината против Ковид-19 создадена од истражувачи од Оксфорд е веќе во производство

Обидот да се направи ефикасна вакцина против коронавирусот од истражувачите од Универзитетот во Оксфорд има за цел да даде резултати веќе од септември, а производството е веќе во тек. Тим…

Обидот да се направи ефикасна вакцина против коронавирусот од истражувачите од Универзитетот во Оксфорд има за цел да даде резултати веќе од септември, а производството е веќе во тек.

Тим предводен од Сара Гилберт, професорка по вакцинологија, регрутирала 500 волонтери на возраст од 18 до 55 години на контролирана проба, во рана и во средна фаза. Таа ќе се прошири на постари возрасни, а потоа ќе се оди и на последна фаза, со проба од 5.000 лица. Гилберт смета дека овој рок амбициозен, но може да се постигне.

„Се надеваме дека ќе имаме барем некои дози што се подготвени да се користат до септември“, рече таа. „Нема да биде доволно за секаде до тогаш, но колку повеќе производство можеме да направиме почнувајќи од сега, толку повеќе дози ќе има“.

На Гилберт, чие истражување за вакцините започна на Универзитетот во Оксфорд во 1994 година, и беше доделен грант од 2,2 милиони фунти (2,8 милиони американски долари) од националниот институт на Велика Британија за здравствени истражувања, со цел да ги зголеми напорите на нејзиниот тим во истражување за вакцини КОВИД-19.

Експерименталната имунизација на групата е меѓу првите кои влегоа во клинички испитувања. Светската здравствена организација брои 70 кандидати за вакцини во развој, и три од нив се во фаза на тестирање со луѓе.

Обидот на Гилберт опфаќа 510 учесници поделени во пет групи, што ќе бидат набудувани околу шест месеци. Една група ќе добие второ интрамускулно примање на вакцината, четири недели по првичната имунизација.

Истражувањето има за цел да ја утврди ефикасноста, безбедноста и имуногеноста на вакцината, именувана како ChAdOx1 nCoV-19. Вакцина против менингитис ќе им се даде на учесниците кои ќе бидат избрани случајно за контролни цели.

ChAdOx1 nCoV-19 е т.н. вакцина против рекомбинантен вирусен вектор. Изработена е од безопасен вирус.

Вакцината делува со подготвување на имунолошкиот систем да го препознае и нападне коронавирусот, стимулирајќи одговор на Т-клетките. Таа ја користи истата технологија која тимот на Гилберт претходно ја разви за поврзаниот коронавирус MERS. Таа вакцина се чинеше безбедна при тестирање кај животни и во рана фаза, давајќи доверба за верзијата на коронавирусот.


Related Articles