Некои родители во Македонија сметаат дека вакцините се причина за промената во здравјето кај нивните деца. Поради ова донеле одлука да прекината со понатамошното вакцинирање
„Потрошивме многу пари и ништо не помага. Тоа се случи веднаш после вакцината, бидејки претходно немаше таква состојба. Во Охрид познавам уште пет родители чии што деца имаат проблеми после вакцинирањето со новите шествалентни вакцини,“ вели Гоце Цветковски.
Но, таквиот став може да доведе до други проблеми. Вакцинирањето е задолжително во Македонија и со тоа е условено запишувањето во училиште. Цветковски има одговор и за тоа, ако е принуден на вакцинација, тој е подготвен да го исели семејството. Тој не ја исклучува и можноста да ја тужи државата пред судот за човекови права во Стразбур.
„Македонија веќе има изгубено неколку случаи во Стразбур поради негативни последователни ефекти после вакцинација“, додава тој.
Во меѓувреме Министерот за здравство најави воведување квалитетни и модерни вакцини.
Но, некои родители бараат повеќе. Државата според нив, треба да излезе со статистика за процентот на негативни ефекти и покрај тоа што се` уште нема научни докази дека одредени вакцини предизвикуваат болести.