Советот за оние што носат очила, а деновиве се соочуваат со непријатен проблем – кога ќе стават маска, очилата се замаглуваат – е едноставен и бара малку време, вода и сапун.
Двајца хирурзи ги споделија нивниот мал трик од операционата сала.
Тие бјаснуваат дека очилата се замаглуваат затоа што маската го насочува здивот нагоре, наместо пред, што е добро за спречување на пренесување на болеста, а лошо за оние кои немаат „соколово око“.
Сапун и вода дејствуваат како еден вид мантил што ја намалува површинската напнатост на стаклото. Оваа магична мешавина овозможува молекулите на водата од вашиот здив да се дистрибуираат рамномерно, наместо да се акумулираат на очила и да ја замаглуваат вашата слика, пренесува CNN.
Хирурзите советуваат дека прво мора да ги миете рацете со сапун и вода, потоа да ги навлажни стаклата на очилата и да ги премачкате со тенок слој сапун. Потоа очилата исплакнете ги со топла вода.
„Исплакнете го сапунот од очилата, бидејќи дамките од сапун исто така ќе ви го замаглат видот и воопшто не е забавно ако треба да го исплакнете сапунот од очите“, објаснуваат лекарите во својот текст, додавајќи дека треба да ги избришете очилата нежно и внимателно со пешкир или крпа за бришење на очила.
По оваа постапка, која не ви одзема многу време, подготвени сте да облечете маска без да се замаглуваат очилата.