Вакцинацијата на македонските граѓани во Врање продолжи и викендов. Нашите државјани во соседна Србија се вакцинираат бесплатно и без пријавување, само со лични документи, а можат да изберат од вакцините на Фајзер и Синофарм.

Д-р Слаѓан Младеновиќ од Здравствениот дом информираше дека досега 4502 Македонци се вакцинирале во Врање, а посочи дека оние кои ја примиле првата доза во Ниш, Белград или некој друг град, нема да можат да се ревакцинираат во Врање, туку во градот каде што ја примиле првата доза. Инаку според извештајот на Здравствениот дом, бројот на вакцинирани граѓани од Македонија е 581, а во неделата 391 Македонец.

Директорката на Здравствениот дом, д-р Марина Ѓикиќ, изјави дека македонците масовно се вакцинираат, а се вакцинираат и млади луѓе на 18 или 19 години. Таа посочи дека е зголемен бројот на тимови за вакцини, а македонските државјани се трпеливи при процесот на вакцинација.

Според српските медиуми, македонските граѓани во помал број доаѓаат и во Ниш и Сурдулица, каде во салата „Чаир“ од 8 до 20 часот дневно се вакцинираат околу 100 македонски граѓани, со вакцините на „Фајзер“ и „Синофарм“.

Од Здравствениот центар во Ниш наведуваат дека поголема гужва се очекува од 18 до 21 јуни, кога е терминот за повторна вакцинација на 5700 македонските граѓани кои во март во Србија ја примија „Астра Зенека“, кога вакцинирањето беше организирано преку Регионалната стопанска комора.