За денес беше најавен протест од страна на администрација во здравство бидејќи бараат зголемување на платите. Беше предвидено денес во период од 10:30 – 11:00 часот да се одржи и собир за поддршка на вработените.
Но според сведочењата на вработените, започнале притисоци и заканувања само за да не излезат на протестот.
Дали е ова уште една игра на власта да го задуши правото на протест и изјаснување на вработените.
Ова нема да е прв пат да се случи. Веќе неколку пати по ред власта преку разно разни притисоци се обидува секој вид на протест да го загуши или пак да му даде партиска позадина, само за да не се осознае во јавноста дека се што имаат ветено сепак не се реализира.