ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски не презема ефективни мерки, горивата поскапени над 70%, струјата 30%

Ковачевски не презема ефективни мерки, инфлацијата го јаде стандардот, горивата поскапени над 70%, струјата 30%. За високите цени на горивата и струјата виновна е пред се власта. Откако СДСМ и…

Ковачевски не презема ефективни мерки, инфлацијата го јаде стандардот, горивата поскапени над 70%, струјата 30%. За високите цени на горивата и струјата виновна е пред се власта. Откако СДСМ и ДУИ се на власт тие ја зголемија акцизата на горивата за 13.13 денари, тоа се пари кои секој граѓанин ги плаќа на литар гориво не заради цената на нафтата на светските берзи, туку затоа што СДСМ и ДУИ треба да го полнат буџетот, за да имаат пари за матни тендери, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Владата ја загрози Македонија во енергетска криза и до 50% од струјата се увезуваше по екстремно скапи цени, а тоа е така затоа што пред почетокот на грејната сезона јаглен во депонијата на РЕК имаше за неколку дена, а хидроакумулациите беа испразнети.

– Па како последица на неспособноста ја зголемија цената на струјата. Инфлацијата веќе предвреме го изеде и најавеното покачување на пензиите од септември од само 5.5%. Затоа ВМРО-ДПМНЕ тврди дека мерките на владата се задоцнети и недоволни. Потребно е реално покачување на платите, како што предложивме и раст на пензиите за 20%. Дополнително потребни се мерки за намалување на трошоците за производство како намалување за 50% на акцизата за горивата, 100% укинување на акцизата за зелената нафта за земјоделците, како и 0% ДДВ за вештачките ѓубрива, се појаснува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ се децидни дека со половични мерки како тие на Ковачевски економијата ќе тоне се подлабоко, а народот ќе биде се посиромашен.


Related Articles