Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска утринава отпатува за Будимпешта, Унгарија со цел учество на конференцијата „Управување со недостатокот на работна сила во Западен Балкан“ во организација на Меѓународната организација на трудот и ОБСЕ.

Тренчевска ќе ја отвори конференцијата и воедно ќе учествува на работниот дел на истата. Таа за време на нејзиниот престој во Будимпешта ќе се сретне и со регионалната директорка на МОТ, Клер Харасти.

Делегацијата која ја предводи министерката Тренчевска е во состав на државниот секретар на МТСП, Флакрон Беџети, шефицата на кабинет на МТСП, Наташа Димеска, националниот координатор на МОТ во РСМ, Емил Крстановски, претседателката на ОРМ, Владанка Трајковска, претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, претставници од Министерството за труд и социјална политика, претставници од синдикатите и работодавачите.