СДСМ ги лаже граѓаните дека е зголемена социјалната заштита, додека ранливите категории живеат сè потешко, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму истакнуваат дека невенчаниот сопруг на Царовска добива државни тендери, а социјалните категории добиваат само лаги за некаква зголемена помош.
„Всушност станува збор за збир од повеќе права кои и во овој момент ги користат корисниците на социјална парична помош. Со системот што го ‘градеше’ СДСМ успеа да го зголеми бројот на граѓани кои преживуваат под прагот на сиромаштија на над 500 000 граѓани, а стапката на детската сиромаштија да изнесува околу 30 отсто“, стои во партиското соопштение.
Од опозициската партија исто така сметаат дека со укинувањето на додатокот за трето дете, само дополнително ќе се зголеми стапката на детска сиромаштија.