Најдетална и најсовремена нeуронавигација при интервенциите кај тумор на мозокот се користи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Тимот неврохирурзи ги изведува хируршките интервенции со низа процедури кои резултираат со успешност. Во интервенциите точно се локализира туморот, се прецизира местото каде што се извршува интервенцијата и на таков начин да не се оштетат некои нервни центри при операцијата. Проф. д-р Кирил Лозанче вели дека процедурите кои се користат при интервенциите во „Аџибадем Систина“ ретко се прават на друго место во нашата земја.
Една од последните интервенции со користење на невронавигација била на млада, односно триесетгодишна пациентка која по операцијата на туморот на мозокот, кој се наоѓал во нервните центри, заминала дома без никакви проблеми. Предноста на методите кои се применуваат во „Аџибадем Систина“, впрочем, овозможила и во овој случај да не се повредат нервните центри, што, пак, значи пошироки негативни последици за пациентот.
Проф. д-р Лозанче е категоричен дека при лекувањето на туморот на мозокот најважно е тој да се локализира најпрецизно за да не се повреди некој нерв. За таа цел во „Аџибадем Систина“ прво се прави магнетна резонанца со што се обележува, односно се дефинира местото на туморот. Се прави и магнетно снимање со трактографија при кое се снимаат сите нервни влакна што излегуваат од нервните центри, односно се одбележуваат моторните патишта. Се прави и функционална магнетна резонанца за точно одредување на моторни центри во мозокот. Но дополнително се користи интраоперативно оперативен микроскоп и електрофизиолошки мониторинг на моторните центри. Истовремено се користи современ апарат за ултразвук кој точно го дефинира местото на туморот. Апаратот дава чиста и јасна слика и тоа веднаш, дава контрасни фотографии, 3Д фотографии.
„Она што го користиме сега и што е значајна дополнителна помош е ултразвукот со кој се покажува каде се наоѓа туморот. Тоа ни овозможува прецизно да го извадиме туморот, а на операцијата се става и интероперативен електрофизиолошки мониториг за да ги видиме детално моторните центри кои е важно да не ги повредиме. Со сите овие методи ние овозможуваме целосно безбедно да се извади туморот, а вакви одбележувања ретко се прават во нашата земја. Во спротивно без овие методи можно е како што се случувало, при интервенциите да се одземат некој делови од телото (рацете или нозете), но со ова неуронавигација операцијата завршува без никаков дефект – вели д-р Лозанче.
Младата пациентка сега се чувствува добро и туморот е изваден без последици.