Во Србија бебе на возраст од само 28 дена е заразено со коронавирус. Заедно со мајката која исто така е позитивна на вирусот, денеска се префрлени од Институтот за мајка и дете „Д -р Вукан Чупиќ“ во Детската болница на Клиничкиот болнички центар „Д -р Драгиша Мишовиќ“, објавија српските медиуми.

Според информациите кои беа пренесени, состојбата на бебето е стабилна и има ковид -19 со лесна форма.

– Ако беше тешко, бебето ќе останеше на Институтот, каде се третираат сериозни форми. Ова бебе е целосно стабилно, има блага форма на корона, но мора да биде на антибиотска терапија. Затоа ќе биде префрлена во КБЦ „Д -р Драгиша Мишовиќ“ – вели изворот.