Од 19-ти октомври па се до денес, во Дебар и околината заедно со Центар Жупа не е регистриран нов случај на заболен од Ковид-19. Последните два случаи биле регистрирани на 19 октомври, а во текот на тој месец вкупно биле регистрирани четири случаи.
Засега никој нема објаснување зошто е тоа така, за разлика од речиси сите други општини каде болеста е во пораст. Претходниот месец, во септември имало 112 ковид – позитивни лица, а во август вкупно 357 случаи.
Инаку во овој регион од почетокот на епидемијата во земјава, од ковид-19 починале 80 лица, а позитивни на вирусот биле 1.453 лица.