Во текот на последното деноноќие министерството за здравство информираше дека на територијата на Република Македонија се регистрирани нови 108 заболени од Ковид-19. Од овој број на заболени, во Делчево има 4 случаи, а 13 се активни. Токму оваа бројка го загрижи општинскиот кризен штаб во Делчево.
Во Малешевскиот регион во моментот нема епидемиолог.
Горан Трајковски, градоначалник на Делчево побара да се засилат контролите во угостителските објекти, а во сите фирми и институции строго да се почитуваат протоколите за заштита од ковид-19 на работните места.
Тој побара од Здравствениот дом „Гоце Делчев“ да формира координативно тело составено од здравствени работници од приватното и јавно здравство, со цел навремено собирање на податоците за пациентите и нивна дистрибуција до МВР и епидемиологот.