Во Франција е потврден нов сој на коронавирусот

Француските медиуми денеска потврдија дека во Франција е регистриран нов сој на коронавиусот. Новиот сој B.1.640.2 бил потврден на почетокот од декември кај едно лице кое дошло до Камерун и…

Француските медиуми денеска потврдија дека во Франција е регистриран нов сој на коронавиусот. Новиот сој B.1.640.2 бил потврден на почетокот од декември кај едно лице кое дошло до Камерун и со овој сој заболени се 12 лица на југот од Франција.

За овој сој не се знае ништо, освен дека има 46 мутации, што е повеќе од кај омикрон каде има 37 промени на генетскиот материјал.

Вирусолозите успеале да утврдат дека овој сој е „круна“ на познатите мутации  N501Y и E484K. За овие мутации познато е дека вирусот силно се поврзува со човековите ќлетки, односно лесно и брзо се шири. Поради малиот број случаи сепак не може да се утврди попрецизно колку новиот сој е заразен и опасен.


Related Articles