Од ноќеска на полноќ, жителите на Германија кои стекнале имунитет на коронавирусот, нема да мора да се придржуваат кон мерките за полициски час и одредени забрани за контакт. Истовремено доколку овие лица се сретнат со невакцинирани граѓани, нема да имаат никакви ограничувања.
Оние кои ги примиле двете дози на вакцина или се опоравиле од ковид 19, ќе можат приватно да се состануваат со други од истата категорија без никакви ограничувања. А кога ќе влегуваат во продавница или кога добиваат одредени услуги, нема да мораат да носаст негативни резултати од Ковид тестовите.
Целосно имуните луѓе нема да мора да одат во карантин по патувањето, освен во одредени случаи, на пример, ако доаѓаат од област каде што голем број луѓе се заразени со нов вид на вирус.
Според податоците на Институтот за инфективни болести Роберт Кох, повеќе од 31 процент од Германците ја примиле првата доза на вакцината, а 8,8 проценти биле целосно вакцинирани.