Во Гевгелија се заразени десетина негувателки и воспитувачки од Ковид-19

Од ЈОУ ,,Детска радост“ во Гевгелија потврдија дека во нејзините клонови низ општината, десетина воспитувачки и негувателки се заразени со Ковид-19. Директорката на установата, Елизабета Стојменова изјави дека во моментов…

Од ЈОУ ,,Детска радост“ во Гевгелија потврдија дека во нејзините клонови низ општината, десетина воспитувачки и негувателки се заразени со Ковид-19. Директорката на установата, Елизабета Стојменова изјави дека во моментов немаат заболено ниту едно дете од коронавирус, но се најдени соодветни замени на заболените вработени за да може да продолжи работата без застој.

Установата згрижува 500 дечиња, а минатата година во периодот на пандемијата кога градинките беа затворени, биле вложени повеќе од пет милиони денари сопствени средства за подобрување на условите за престој на децата и вработените во централната градинка во Гевгелија и нејзините пет клонови во општината.

Директорката Стојменова посочи дека уапеале да отворат оддел за јасли во Миравци и да ја доградат градинката во село Прдејци за која се очекува согласност за доекипирање и згрижување на 20 дечиња.

Годинава се очекува ветената подршка од Министерството за труд и социјална политика, со која ќе се прошират сместувачките капацитети во градинката „Сончогледи“ за згрижување на уште стотина деца.


Related Articles