Заменик директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје, Ивана Павиќ Шиметин изјави дека во Хрватска е регистриран првиот случај на делта плус сојот на коронавирус. Случајот е регистриран во Чаковец, град во северниот дел на Хрватска оддалечен 90км од главниот град Загреб.
Хрватскиот министер за здравство Вили Берош најави дека Републичкиот штаб денеска ќе донесе нов пакет мерки за сузбивање на ширењето на коронавирусот, меѓу кои ќе биде и пошироката употреба на потврдите за ковид, а нема да има нови затворања. Сертификатите за Ковид во моментов се потребни само во здравствената и социјалната заштита.
Новиот сој Делта од страна на индиското Министерство за здравство во јуни беше класифициран како „варијанта на загриженост“. Оваа ознака покажува дека се чини дека е позаразен, полесно се врзува за клетките на белите дробови и е потенцијално отпорен на терапија со моноклонални антитела, што значи дека може да го пробие стекнатиот имунитет.