Делта сојот на коронавирусот се шири низ Италија. По само два дена откако се донесе одлука дека не мора да се носат маски на отворено се вклучи алармот поради индискиот делта сој. Според информациите кои ги пренесуваат италијанските медиуми во 18 региони низ Италија се забележани случаи заразени со оваа мутација на ковид-19.
Во Венето, засега најпогодениот регион, идентификувани се 83 случаи на заразени со новиот сој на корона вирусот, 55 од нив се на возраст од 18 до 50 години, а во најризична позиција се невакцинираните и оние кои ја примиле само првата доза од вакцината. Посебно е алармантна ситуација во Неапол каде во еден ден, од 35 земени примероци, 22 се позитивни, а кај 11 е потврден Делта сојот.
Мутираниот сој започнува да предизвикува паника меѓу населението, а се пренесува од лице на лице со голема брзина. Италијанските власти апелираат жителите задолжително да ја примат и втората доза од вакцината против ковид-19, бидејки делта сојот е во состојба да ги зарази и оние кои имаат примено само една доза на вакцина.